Свет

Зеленски: Одлучноста на партнерите можеше да спречи 10 смртни случаи во денешниот руски напад

Зеленски до ЕУ: Путин ќе ве изеде за вечера со сета ваша слобода и демократија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека смртта на 10 лица и ранувањето на 20 немаше да се случи во денешниот руски напад врз градот Чернигов „ако беше доволна решеноста на светот да се бори против рускиот терор“.

„За жал, бројот на смртни случаи продолжува да расте. Ова немаше да се случи доколку Украина добиеше доволно системи за противвоздушна одбрана и ако беше доволна решеноста на светот да се бори против рускиот терор“, напиша Зеленски на платформата Х.

Тој истакна дека одлучноста на Украина е доволна, но дека мора да има еднаква решителност и поддршка од нејзините партнери.

„Терористите можат да уништат животи само ако ги исплашат оние што можат да го запрат теророт и да спасат животи“, додаде Зеленски.

Тој изјави дека операцијата за спасување на луѓето кои се наоѓаат под урнатините е во тек.

Руските сили утринава истрелаа три ракети врз центарот на Чернихив во областа Чернихив во северна Украина.

На почеток