Македонија

Приведени крадци од Битола

Приведени осуммина крадци, расчистени 10 кривични дела, пронајдените предмети вратени на сопствениците

На 17.04.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода К.Б.(30) и Н.Б.(41), двајцата од Битола. При претрес во домот на К.Б., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари во различни апоени и повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Додека, при претрес во домот на Н.Б., извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

На почеток