Ангелов до Ахмети: Кревај кочница со време, Мицкоски не е сам, да не потсетувам какви емоции буди скандирањето „УЧК“
Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, го искоментира излагањето на Али Ахмети на вчерашниот митинг од центарот на Скопје
„На синоќешниот митинг на ДУИ во центарот на Скопје, поранешниот командант на УЧК и сегашен претседател на ДУИ Али Ахмети упати отворена и директна закана до Христијан Мицкоски, која беше придужена со скандирање “УЧК, УЧК, УЧК….“ на кое се придружи и самиот Ахмети силно викајќи “УЧК, УЧК, УЧК…“
Мислам дека не треба да потсетувам какви емоции кај Македонците буди спомнувањето на УЧК и тоа во центарот на Скопје, на самиот скопски плоштад, додека присутните вееја безброј албански знамиња и знамиња на УЧК, без ниту едно единствено македонско знаме.
Затоа, му порачувам на Али Ахмети да биде внимателен со заканите! Мицковски не е сам! Зад него стои ВМРО ДПМНЕ и коалицијата “Твоја Македонија“. Зад него стои и убедливо мнозинство од македонскиот народ но и убедливо мнозинство од нас, македонските бранители од 2001-та! Истите оние Бранители кои во воената 2001 ве поразија во сите битки на бојното поле, истите оние Бранители од кои ве спасуваа странците додека вие мавтавте со бели знамиња во Арачиново.
Затоа со време кревајте рачна кочница. Бидејки, како што секојдневно укажува токму Мицкоски, се ближи времето за одговорност за сето она што ДУИ и го направи на Македонија, почнувајќи од 2001-та па се’ до денес!“, напиша Ангелов.