Македонија

Се уште без одговор Кабинетот на Пендаровски дали дали ќе опстои на ветувањето дека нема да користи огромни бенефиции како Црвенковски и Иванов?

На 12 мај на Стево Пендаровски со свечената изјава на новоизбраната претседателка, му престанува функцијата.

Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанок на функцијата, сега поранешниот претседател има големи бенифиции доколку одлучи да ги користи: право на пензија, без оглед на староста чиј износ е еднаков со износот на платата што ја примал како претседател, има право на канцелариски простор и најмногу до три стручни соработници, право на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.

Пендаровски пред 5 години беше дециден дека ќе се откаже од правото на пензија и дел од правата кои му следуваат, па затоа Скопје1 упати прашање до неговиот Кабинет дали останува на кажаното. Ова е одговорот од Кабинетот:

,,Детален одговор на прашањата би можеле да доставиме во недела, по примопредавањето на должноста”.

Овој Закон, иако беше многу критикуван и се бараше негово повлекување или прилагодување беше донесен за правата на семејството на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски.

Претходниците на Пендаровски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов, иако минимално се појавуваа во јавноста и речиси ништо не сработија, максимално ги користат огромните бенефиции.

На почеток