Разрешен медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и економската директорка Бесија Иљази
Министерот за здравство во заминување, Илир Демири го разреши директорот на Токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка, Албанката Бесија Иљази која не знае македонски јазик, не е редовна на работа и против која неодамна протестираа лекарите од оваа клиника, меѓу кои и со звање професор и примариус. Демири ја оствари својата закана дадена пред да завршат изборите и Токсикологија ја остава во несредена состојба.
Од министерството за здравство само кусо соопштија дека тој е разрешен поради „неправилности во работата“ без да се прецизираат за што точно станува збор, и кои членови од Законот тој ги прекршил.
Директорот Петровски потврди дека е информиран од правната служба за неговото разрешување но не сакаше да даде изјава. Вели дека ќе го чека образложението на решението пред да даде било каков коментар. Не ја исклучува можноста да е разрешен бидејќи дежурал на Клиниката во период кога е на одмор а тоа го сторил исклучиво поради недостиг на кадар.
Бесија Иљази ја остави Клиниката за токсикологија без биолог и без осигурување (имаше хаварија поради поплава од пукната парно цевка) поради што токсиколошката лабораторија работи незаконски, само со еден лаборант, но тоа не беше причина да биде разрешена. Оваа состојба не е ни констатирана од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.