Македонија

ДИК усвои приговори за седум избирачки места

Државната изборна комисија ги усвои следните приговори:
Желино, ИМ 2101 поднесен од Коалицијата„ Влен“
Охрид, ИМ 1272 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“
Крушево, ИМ 1194 и ИМ1202 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“
Струга, ИМ 1844 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“ и Коалицијата „ За Европска иднина“
Долнени, ИМ 1470 и ИМ 1470/1 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“

Останатите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба, се одбиени или повлечени. Секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба. После одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, односно доколку има избирачки места каде што ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација дали бројот на запишани гласачи во избирачките места каде што би се поништило гласањето, влијае на резултатот во распределба на мандатите. Во зависност од тоа ДИК по одлуките на Управниот суд, ќе донесе заклчок за евентуално прегласување на определени избирачки места.

На почеток