Македонија

ДИК се жали на притисоци: Трпиме закани од преставници на техничката влада

Шест од седум члена на Државната изборна се пожалија дека се понижувани, навредувани, изложени на неосновани и непримерени политички притисоци и закани.

Стравот од заканите го имаат претседателот на ДИК Александар Даштевски и 5 члена на ДИК. За разлика од нив, ваков страв нема кај потпретседателката Дитмире Шеху, номинирана од ДУИ.

Писмената реакција е потпишана од Даштевски, Ристеска, Кондарко, Стојаноски, Ристовски и Демири.

За сите закани, притисоци и мешање на одредени партии и на поединци од техничката Влада, членовите на ДИК ја известиле амбасадорката на набљудувачката мисија на ОБСЕ-ОДИХР.

Предупредуваат дрка вербалните напади може да преминат во лични напади на нивната сигурност.

„За ДИК се неприфатливи и недопуштени нападите, притисоците и мешањето на одредени политички партии и на поединци од техничката Влада во изборните процедури, како и во работата и одлучувањето на ДИК и на Управниот суд“, посочуваат од Државната изборна комисија.

На почеток