Македонија

Кондарко повторно избран за претседател на ДИК

На денешната седница Собранието донесе одлука за усогласување на составот на Државната изборна комисија по смената на власта во државата.

За претседател на ДИК, на предлог на СДСМ, е избран Борис Кондарко, кој беше досегашен член на Комисијата. Потпретседател ќе биде Абдуш Демири од Беса.

Досегашниот претседател Александар Даштевски, потпретседателката Дитмире Шеху и Оливер Ристевски остануваат во ДИК како членови.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на двајца нови членови на ДИК бидејќи Бојан Стојаноски даде оставка, а Радица Ристеска замина во пензија.

Кондарко веќе беше претседател на ДИК од 2011 до 2013 година кога поднесе оставка.

На почеток