Македонија

Зајкова за „Скопје1“: ЛДП е самостоен политички субјект и не се приклучува никаде, тоа се нарачки од партиски ботови

Претседателката на ЛДП, беше дел од „Коалицијата за Европска Македонија”. Таа во ИЕ1 освои пратеничко место.

За „Скопје1“, Зајкова демантира дека има разговори за влез во ново парламентарно мнозинство предводено од ВМР0-ДПМНЕ со цел добивање 61 пратеник и апсолутно мнозинство.

За пишувањата на социјалните мрежи и кај одреден дел од медиумите, таа е децидна во изјавата дека се „нарачки од партиски ботови“.

„Имаше такви кои агитираа и работеа против сопствената партија и денес прават повторно притисок. Нашата цел и насоченост во моментот е прегласувањето во ИЕ 5 каде има 3.521 избирач. Големи шанси за мандат има и кандидатот од ЛДП, доколку нашата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ. Затоа и повикувам да се воздржат од шпекулации и во среда да се гласа за број 1”, изјави Зајкова за „Скопје1“.

Партијата како и досега, вели, ќе дејствува независно и конструктивно во поддршка на либералните вредности и за добробит на граѓаните и државата.

На почеток