Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија – Смоквица од страна на Демир Капија ќе биде исклучено неколку денови. Од оваа причина, напојување ќе има само од страна на Удово. Доколку дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите.
Од 01.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Штип изведува градежно асфалтерски работи на повеќе регионални патни правци од кои Р-1402 на од с. Куклиш до с. Банско, на Р2345 од Виница – с. Бигла и на Р1204 од Свети Николе до Павлешенци од 09:00 до 17:00 часот.
Од 02.10.2018 ЈП Македонијапат iзведува градежни работи (машинско асфалтирање, надоградба на постоечката подлога на коловозот) на регионалениот пат Р-1206 од с. Желино до с. Сарачино во должина од 4 км. На местото на изведување на градежните работи е поставена соодветна сообраќајна сигнализација како и физичко обезбедување со знаменца, а сообраќајот се одвива наизменично во двата правци.
На 04.10.2018 ЈП Македонијапат подружница Велес изведува асфалтерски работи на регионалниот пат Р-1102 на потегот од с. Смоквица до с. Прдејци од 09:00 до 17:00 часот. Во периодот на работа сообраќајот се одвива по автопатот А1 Смоквица – Гевгелија во двата правци. На местата на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Илинден АД Струга известува дека од 25.08.2018 година, поради рехабилитација на битолската обиколница, на потегот од бензинската ЛукОил, на влез од Битола, до с. Крклино, сообраќајот е во прекин се до завршување на градежните работи. Истиот се пренасочува преку градот Битола.
Виадукт Трејд Дооел – Гостивар известува дека од 20.08.2018 година, се изведуваат градежни активности – Рехабилитација на обиколка на Скопје (клучка Стајковци – клучка Мирковци) возна и брза лента, во времетраење од шест месеци.
Илинден АД Струга известува дека согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај, на магистралниот пат А2, делница Кичево – Охрид (Мала Река – Славеј Планина) од 10.08.2018 воведе времена измена на сообраќајот, со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Измената ќе трае до завршување на градежните работи.
Друштвото АСФАЛТ ДОЕЛ СКОПЈЕ известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај, и тоа на:
– наплатната станица Градско во периодот од 08.08.2018 до 07.10.2018;
– наплатната станица Гевгелија (на магистралниот пат А1, делница Демир Капија-
Гевгелија) во периодот од 21.06.2018. до 18.10.2018;
– наплатната станица Романовце во периодот од 15.09.2018 до 14.03.2019 год.
АМСМ ги предупредува возaчите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од ново поставената сообраќајна сигнализација.