Во Собранието на РМ денеска ќе заседава Комисијата за финансирање и буџет.
Комисијата ќе расправа по Предлог – законот за отпишување камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, во второ читање.
Предлогот е поднесен од група пратеници и е единствена точка на дневниот ред на денешната седница на Комисијата.