Македонија

(Видео) Судијата Наке Георгиев донесен во суд каде се бара да добие притвор

По 24 часа поминати во станица, врховниот судија донесен во Кривичен суд каде се бара да му биде одреден притвор.

Георгиев се сомничи за противзаконито влијание за што примил поткуп од 10.000 евра. МВР го фатило со парите, по што го задржаа во станица.

Кривичното дело за кое се сомничи Георгиев е примање награда за противзаконито влијание. Битието на делото ќе биде исполнето кога некој за себе ќе прибави противправна имотна корист, на начин што, со своето претпоставено влијание ќе го натера другиот да стори противправно дејствие во одредена постапка или процес.

Сопругата на Георгиев е обвинителка од Струмица, а неговиот син заврши академија за судии и јавни обивнители, па стана судија во Кривичен суд. Судиската кариера ја почнува во основиот суд во родната Струмица од каде продолжува во штипска апелација како судија, а подоцна и претседател и од 2020 е врховен судија.

Георгиев имаше и обид да стане член на Судски совет. Тој беше единствен кандидат од Врховниот суд. На гласањето тој доби повеќе чкртаници и неважечки гласачки ливчиња отколку гласови – но беше избран. Потоа поднесе оставка за да нема судир на интереси и син му да стане судија.

На почеток