Иџет Меџити од Советот на обвинители остана без пасош
Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети, остана без пасош и треба да се јавува во суд. Овие мерки му гиодреди судија на претходна постапка, откако тој доби статус на осомничен во случајот со примање на награда за противзаконито влијание каде осомничен е и врховниот судија Наке Георгиев фатен со 10.000 евра.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за И.М., второ осомничен во истрагата поврзана со Примање награда за против законито влијание за која веќе информираа од ОЈО:
По денешното произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител како и ценење на фактите и доказите во прилог на ОЈО ГОКК, донесе решени со кое предлогот се уважува.
На осомничениот му се определуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст.1 т. 2 и 3 односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патна и друга исправа за напуштање на државната граница како и забрана за издавање нова.
Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, велат од Кривичен суд.