Македонија

СДСМ и ДУИ со ист број пратеници: борба за ДИК и претседатели на комисии во Собрание

СДСМ и ДУИ имаат исти број на пратеници по прегласувањето кое се одвиваше вчера. Сега, меѓу нив ќе има трка за тоа од која партија ќе дојде идниот претседател на Државната изборна комисија, кој се предлага од опозициската партија која освоила најмногу гласови.

За ова место, заинтересираност имало од Бојан Маричиќ од СДСМ, а пак, Кренар Лога е лицето кое сака да биде претседател доколку кандидира ДУИ/Алијанса.

Дилеми има и во делот која партија ќе именува претседател на анкетната комисија за заштита на слободите на граѓаните и Комисијата за финансирање и буџет.

Во Деловникот нема толкување од типот најмногу освоени гласови, само одредба од “редот на пратениците од опозицијата”.

На почеток