Македонија

Иџет Мемети се знае со судијата Наке Георгиев, но не гледа вина кај себе за митото од 10.000 евра

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети не сакаше да го коментира случајот каде тој е осомничен. Посочи дека го знае врховниот судија Наке Георгиев кој е осомничен за земање на 10.000 евра за противзаконито влиајние, но тврди дека за предмети со него не разговарале.

„Не сакам друго да зборувам. Од интерес на јавност аи моја е што побрзо да се заврши оваа работа. Ова секако како човек ме погодува, но јас и вчера кажав, не е добро да зборувам пред медиумите за работа која се тера по судски пат. Многу брзо ќе заврши и ќе излезе дека нема ништо“, рече Мемети

Мемети е пријавен од синот на ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, за земање на пари со цел противзаконито влијание.

Иџет Меџити од Советот на обвинители остана без пасош

На почеток