Шокаровски: Моето разрешување е незаконско
Разрешениот директор на Кардиохирургија Мајран Шокаровски, смета дека тоа е направено незаконски, а за фантомските пациенти на оваа клиника, за кои обвинија деновиве, вели дека се работи само за софтверска грешка, направена поради несоодветност на системот кои тие го користат и неговото комуницирање со „Мој термин“.
,,Моето разрешување е незаконски, бидејќи во мандатот на техничката влада не може ниту да се разрешува, ниту да се назначува. Ги повикувам релевантните институции кои треба да се грижат за законитоста во оваа држава, итно да реагираат. Дополнително, мнинистерот за здравство го разреши координаторот за развој на кардиоваскуларната хирургија при министерството Александра Ефтимова, истовремено ги разреши и го прекина договорот на координаторот за срцева трансплантација при министерството, Адријана Ѓеоргиев. Од тука се наметнува нашето прашање дали се работи за оркестриран напад против државната Кардиохирургија, а со тоа и напад врз јавното здравство. која е потребата на министерот во заминување да направи едно вакво тектонско пореметување на една успешна приказна. Кому тоа му одговара?”, праша Шокаровски.
За статистиката која ја изнеле од комисијата, тврди дека се случајни бројки, кои се така пласирани за да се покаже состојбата која ним им одговарала. Според него, дури и бројот на операции не е вистинито прикажана, па бројките се намалувани и на половина за одредени месеци.