Македонија

Јован Деспотовски најави кандидатура за наследник на Ковачевски

“Ќе се кандидирам за претседател на партијата, а кандидатурата ќе ја поднесам во зависност од роковникот”, вели Јован Деспотовски и додава:

Овие избори не треба да се сведат на пазарење, туку на натпревар на концепти и идеи и да им се овозможи на луѓето да се изјаснуваат без притисок и без пазарење. Верувам дека на партијата, покрај длабоки реформи, и е потребен лидер кој ќе обединува.

Обединувањето на партијата треба да почне да се случува веќе сега, меѓутоа не на начин на којшто треба сите потенцијални структури или структури внатре да седнат и да се договараат, затоа што тоа е погрешен пристап. Пазарењето е погрешен пристап. Треба да се обединиме околу целта да имаме еден процес во којшто сите членови на партијата ќе им дадеме право, без фаворизирање и без странични игри, самостојно да се изјаснат за програмите кои треба сите кандидати да ги понудат.

Кандидатура потврди и Славјанка Петровска.

На почеток