Свет

Потресни сцени пред куќата на убиената Валерија: Плишани играчки и цвеќиња за малото девојче, се уште нема трага од убиецот

Германската полиција ја продолжува потрагата по одговорниот за убиството на малата Валерија (9), која беше пронајдена мртва во шумата во Дебелно на неколку километри од нејзиниот дом.

Засега се уште нема информации за осомничените, но Билд пишува дека полицијата трага по поранешното момче на нејзината мајка Надја, државјанин на Молдавија.

Додека трае истрагата за убиството, пред куќата на девојчето се снимени шокантни сцени.

По страшното соопштение на полицијата дека малата Валерија е мртва и дека е убиена, граѓаните спонтано почнаа да оставаат цвеќе и да палат свеќи пред куќата на девојчето.

Потресните сцени покажуваат и плишани играчки оставени во спомен на девојчето кое исчезна на пат кон училиште.

Во градот Дебелно жителите се шокирани од убиството на девојката.

Полицијата соопшти дека истрагата се фокусира на најтесниот круг на семејството.

Да потсетиме, телото на девојчето беше пронајдено во вторникот во густа шума во Дебелно, на неколку километри од куќата на нејзината мајка. Местото каде што е пронајдено телото е и местото на злосторството, потврдија од полицијата, која се уште не уапсила никого во врска со убиството.

На почеток