(Фото) Сите предложени министри на Мицкоски се огласија: благодарности, ветувања, најави
Секој од потенцијалните министри на ВМРО-ДПМНЕ предложени од мандатарот Христијан Мицкоски, упати благодарност и порака до јавноста.
Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт и врски: „Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Hristijan Mickoski за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски. Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата. Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија! Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи. За Македонија!“.
Владо Мисајловски – министер за одбрана: „Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за да направиме историска победа и шансата да работиме за нашата Татковина. Сега доаѓа време за напорна работа, посветеност и реформи за Македонија да биде повторно горда. Сакам да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и идниот Претседател на Владата Hristijan Mickoski за укажаната доверба и чест да бидам министер за одбрана во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, благодарност за поддршката и на извршниот и централниот комитет, но и на сите активисти на партијата и граѓани што секогаш се до мене и се мојата енергија. Силно ќе се заложам за подобрување на условите во македонската армија и подобрувањето на одбранбениот стандард, одбранбената готовност и модернизацијата на армијата, како и подобрување на условите за униформираниот и цивилниот кадар во Министерството за одбрана. Односите со нашите стратешки партнери да бидат уште позасилени, а армијата да биде лицето на државата која ќе сведочи за нејзината организираност. Можам да ветам дека ќе го дадам и последниот атом за нашата татковина со чесна и макотрпна работа за достоинствена Македонија.
Гордана Димитриеска-Кочоска – министерка за финансии: „Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Hristijan Mickoski, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада на Република Македонија. Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав. Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме. Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот. Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник. Успеавме Македонијо, за подобри и поубави денови во иднина!“.
Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и трговија: „Дозволете ми најпрво да изразам голема благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и мандатар на владата Hristijan Mickoski, членовите на Извршниот и Централниот Комитет за довербата и за можноста да бидам Министер за надворешни работи и надворешна трговија во новата влада. Искрено ја ценам честa која ми е доделена и сум длабоко свесен за одговорноста која доаѓа со оваа позиција. На оваа функција пристапувам со цврста решеност и посветеност да работам исклучиво за интересите на нашата драга држава и сите нејзини граѓани. Ќе направам сè за да придонесам за развојот и напредокот на нашата земја, преку транспарентно, одговорно и ефикасно работење. Во период на сериозни глобални предизвици и можности, нашата посветеност на дипломатијата, дијалогот и меѓународната соработка се поважни од било кога. Во таа насока, ќе се залагам за градење и одржување на силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери, со цел да ја зацврстиме нашата позиција и да создадеме можности за економски раст и развој. Верувам дека со заеднички напори и посветеност можеме да создадеме подобра иднина за Македонија“.
Златко Перински – министер за локална самоуправа: „Честа да се биде дел од владата која произлегува од огромната поддршка на народот, за мене е голема и неповторлива задача. Благодарност до Претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба да го предводам ресорот Локална Самоуправа, особено што реалноста говори дека во претходните влади многу малку се посветуваше внимание на ова министерство, каде постојат широки и огромни можности за развој и создавање. Очекувањата од граѓаните се големи, затоа и нашите напори за брзи резултати ќе бидат постојани и со огромна вложена енергија да се помогне на општините, а на тој начин да се помогне на граѓаните. Следи ново поглавје каде примат има одговорноста кон граѓаните, многу работа и нови проекти. Време е општините да добијат поддршка од Централната власт и да се инвестира во локалниот економски развој. Македонија мора да ја вратиме на народот, затоа што таа е наша, заедничка, единствена“.
Стефан Андоновски – министер за информатичко општество и дигитална трансформација: „Од сѐ срце му благодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Премиер Hristijan Mickoski и на органите на партијата за честа и можноста да се води еден многу потребен, подзаборавен и предизвикувачки сектор како што е дигиталната трансформација. По поддршката од Собранието на Македонија, знам дека сите тимски ќе донесеме успеси за граѓаните на Македонија.
Смарт Македонија ќе биде еден од темелите на тие успеси“.
Борко Ристовски – министер за спорт: „Благодарност за безусловната поддршка и доверба добиена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др Христијан Мицкоски да бидам прв Министер за спорт во Република Македонија. Ветувам многу работа , посветеност, многу проекти и нивна реализација и одговорност.
Се обврзувам како прв Министер за спорт дека Македонија повторно ќе живее во духот на спортот. Македонија повторно горда!“.
Цветан Трипуновски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство: „Огромна е честа, одговорноста и задоволството да се биде предложен за министер во Владата на Hristijan Mickoski. Од утре па натака времето ќе се дели пред и по Владата на Мицкоски. Ќе поставиме стандарди и систем за работа кои не се видени до сега во Македонија. Граѓанинот доаѓа на прво место. Ја враќаме Македонија на народот. Македонија се става на брза трака за напредок и развој. Земјоделството од упропастена гранка, ќе прерасне во еден од неколкуте двигатели на економијата. Ќе се свртиме кон модерните и успешни земји, и земји со слична површина колку нашата, а гиганти во земјоделското производство. Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив, земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени. Знаеме како треба! За Македонија се работи!“.
Зоран Љутков – министер за култура и туризам: „Вечерва по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за култура и туризам! Голема чест за мене,голема одговорност и предизвик! Благодарам на Претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката! Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија! Ветувам напорна работа и брзи резултати!“.
Панче Тошковски – министер за внатрешни работи: „Вечерва по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас. Искрено благодарам на претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која ми ја укажаа. Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија“.
Весна Јаневска – министерка за образование: „Вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го подржа предлогот на претседателот проф. Др. Христијан Мицкоски и ИК на партијата јас да бидам номинирана за министер за образование и наука во Владата на Македонија. Тоа е огромна чест, но и огромна одговорност. Наследуваме распаднати институции и празен буџет. Сепак, ние во Македонија донесовме надеж и слобода. Тоа не’ обврзува да испорачаме подобра иднина.
Ќе дадам се’ од себе да ја оправдам довербата на партијата, но првенствено на над 500 000 гласачи кои веруваа во нас“.