Македонија

Тој што нема да има промакедонски позиции, нема да биде дел од Владата, отворено најави Мицкоски

Христијан Мицкоски, мандатар за состав на Владата, очекува секој член на Владата да има промакедонски и татковински пристап.

„Секој ќе излезе од промакедонски наратив, кој ќе излезе од тоа, ќе биде надвор од Владата. Очекувам сите да имаат промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија“, рече Мицкоски.

Тој објасни: „Промакедонската позиција значи стратешкото ориентирање на Македонија кон Европа“.

На почеток