Скопје

Гореа фабрика и стан во Скопје

Денеска (18.06.2024) во 00.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Боро Менков“ настанал пожар во стан сопственост на Д.В (40) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а поради вдишување чад сопственикот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 17.06.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 23.30 часот во с.Бардовци, скопско, настанал пожар во фабрика сопственост на А.А.(62). Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На почеток