Скопје

Четири лица повредени, меѓу кои и деца: возач удрил во нивното возило и избегал

На 21.06.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за с.Глумово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, кое го напуштил местото и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Љ.(27) од Скопје, кое потоа излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ш.Љ.(49) од Скопје, додека останатите тројца сопатници, меѓу кои двајца малолетници, сите од Скопје и 27- годишната Б.Љ. се здобиле со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На почеток