Скопје

Тешко на Скопје: Приватните автобуси во гаража, ЈСП нередовен – одново проблем со јавниот превоз откако Арсовска го води градот

Приватните автобуси во понеделник ќе бидат паркирани во гаражите, возачите нема да возат, а главниот град ќе остане без превоз, бидејќи приватниците тврдат дека не добиле пари од месец јануари.

Дел од нив за медиумите тврдат дека долгот се зголемил на повеќе од 140 милиони денари, а надлежните никако да го решат проблемот.

Револтот кај приватните превозници е чест откако Данела Арсовска стана градоначалничка на Скопје. И во текот на изминатата година тие протестираа и бараа да им се платат парите кои им ги должат, а Арсовска се контраше и велеше дека не должи ништо.

Граѓаните речиси 2 години се жалат од јавниот превоз оти автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници.

Протестот на приватните превозници доаѓа во време кога ЈСП намалува број на автобуси низ скопските улици, укинува линии, а некогаш дел од автобусите иако стојат во распоред, не се обраќаат на релациите.

На почеток