Руските сили уништија 36 украински беспилотни летала
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2024/03/Screenshot-2024-03-23-at-10.49.04.png)
Руските сили синоќа соборија 36 украински беспилотни летала во шест региони во западна Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Руските власти тврдат дека во нападите нема жртви, ниту дека е причинета материјална штета.
„Системите за противвоздушна одбрана уништија 15 беспилотни летала во Курската област, девет беспилотни летала во областа Липецк, по четири беспилотни летала во областите Воронеж и Брјанск и по два беспилотни летала во Ориолската област и Белгородската област“, се вели во соопштението на руското Министерство на Телеграма.
Во областа Липецк нападот бил „масовен“, изјави гувернерот Игор Артамонов.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)