Македонија

Извесно дека Филипче ќе е новиот претседател на СДСМ

Во СДСМ се гласа за избор на нов претседател, по оставката дадена од Димитар Ковачевски. Веќе извесно е дека победник ќе биде Венко Филипче, кандидат кој важи за близок експретседателот Зоран Заев и актуелен пратеник. Тој беше носител на струмичко-прилепската изборна единица 4, каде што партијата имаше слаби резултати исто како и низ цела држава.

Победата на Филипче е очекувана дури и во внатрепартиските кругови во СДСМ. Се шпекулира дека токму тоа е причината поради која ексминистерката Славјанка Петровска се повлекла од трката. Извори од СДСМ брифираат дека ексдиректорот на ТИРЗ Јован Дсепотовски и ексзаменик-министерот во МИОА, Александар Бајдевски немаат свое гласачко тело и не уживаат висока доверба кај членството.

Петровска, пак, веќе обвини дека се злоупотребувале лични податоци на илјадници членови на СДСМ, без да прецизира на кој начин и од кого, како и дали поседува докази.

„На седницата на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на личните податоци на илјадници членови на СДСМ, кое продолжи и денеска“, рече Петровска.

Пратеничката во поткастот „Претрес со Ландов“ веќе посочи и дека другите учесници во трката за трнот во СДСМ, имаат поголема одговорност од неа за изборниот резултат.

(Видео) Носам помала одговорност за лошиот изборен резултат, за разлика од другите потенцијални кандидати за претседател на СДСМ, вели Петровска

Петровска најави и нејзино можно повлекување од политика.

Гласањето се спроведува во 77 избирачки места низ државата, а на списокот се акредитирани 23 373 членови.

На почеток