Маж во Германија со нож ја нападнал полицијата: Убиен на лице место
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/04/policija-germanija.jpg)
Маж со иранско потекло вечерва со нож нападнал тројца федерални полицајци на железничката станица во германскиот град Лауф ан дер Пегниц во Баварија, а полицијата возвратила и го убила напаѓачот, објави Билд.
Откако полицијата излегла од автомобилот, мажот почнал да ги навредува и провоцира, на што употребиле бибер спреј.
Кога напаѓачот се обидел да избоде двајца полицајци, полицајката најпрвин испукала предупредувачки, а потоа го застрелала во стомакот.
Како што пренесува германскиот весник, напаѓачот починал од здобиените рани.
По инцидентот станицата била затворена. Мотивите на напаѓачот се уште се нејасни.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)