Свет

(Видео) Драма на ЕП: Полицијата уапси маскиран маж на покривот на стадионот

Германската полиција уапси маж кој за време на натпреварот меѓу Данска и Германија се качувал на покривот на стадионот.

На покривот на стадионот во Дортмунд било пронајдено маскирано лице кое предизвикало голема паника на полувремето.

Поради оваа акција доцнеше почетокот на второто полувреме, додека полицијата успеа да го совлада овој човек по завршувањето на натпреварот.

На видеото се гледа како маскирано лице се качува на покривот, а потоа полицијата го апси.

Не се знае какви биле намерите на уапсениот.

На почеток