Хорор во Германија: Маж во кафуле нападна луѓе со киселина, 9 лица во болница
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
Од
Објавено на
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/01/germanija-maz-so-noz.png)
Девет лица се повредени кога маж ги испрскал со киселина во кафуле во Бохум, на истокот на Германија.
Инцидентот се случил во неделата во 15:25 часот, кога маж влегол во градината на кафулето и со киселина испрскал маж кој седел на маса, како и жена која седела со него и келнерка.
Напаѓачот си заминал, но многу брзо бил уапсен недалеку од кафулето, пренесува CNN. Во акцијата биле повредени и четворица полицајци и двајца пожарникари кои дошле во контакт со киселината.
Засега не се знае кој бил мотивот на нападот, а човекот кој бил прв нападнат има, според извештаите, многу сериозни повреди.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)