Хаос во Сплит пред ноќен клуб: Едно лице тешко повредено, повеќе од 20 полесно
Едно лице е тешко повредено вечерва поради паѓање стакло пред ноќен клуб во Сплит, а вкупно 22 од нив побарале лекарска помош, соопшти хрватската полиција.
Тешко повредениот е задржан во болница, а останатите кои се полесно повредени по укажаната лекарска помош се пуштени дома, пренесува Хина.
Според полицискиот извештај, околу 00:15 часот е пријавена за паѓање стакло на плоштадот Гаје Блата.
На местото на настанот бил извршена увид и според досега утврденото, поради туркањето на поголем број луѓе при влегување во клубот пукнал стаклениот ѕид.
Индекс.хр пренесува дека се искршило стаклото во излогот на стоковна куќа, веднаш до влезот на ноќниот клуб Централ во Сплит и дека големи парчиња стакло ги опсипувале младите кои чекале ред за влез во ноќниот клуб.