(Видео) Страшен напад од Русите: Загинаа четири цивили, а 27 се ранети
Во нападот со руски проектили и беспилотни летала врз украинскиот град Днипро, загинаа четворица цивили, а 27 се ранети, детски градинки, училишта и болници беа оштетени, а пожарите избувнаа низ градот, соопштија регионалните власти.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи сподели драматично видео од ракетниот напад на реките Днепар.
„Утрото не беше добро за нас. Непријателот изврши комбиниран напад врз нашиот град“, рече Серхи Лисак, гувернер на околниот регион Дњепропетровск, во видео објавено на апликацијата за пораки Телеграм.
Terrifying videos of Russia’s missile and drone air attack on Dnipro. Target was clear: Ukraine’s state rocket manufacturer Pivdenmash (aka Yuzhmash and Yuzhnoye) for which the city is famous. It built engines for the USSR’s ICBMs and more recently contributed to @ESA and @NASA. pic.twitter.com/dnABcpw6Bh
— Christopher Miller (@ChristopherJM) July 3, 2024
Од повредените 11 се пренесени во болница, а двајца се во тешка состојба, рече тој. Тој објави и фотографии од итните служби кои отстрануваат скршено стакло и трагаат по повредените.
Украинските воздухопловни сили објавија дека руските сили ја гаѓале областа Дњепропетровск со седум проектили и пет беспилотни летала Шехид.
Противвоздушната одбрана успеала да собори пет проектили и сите беспилотни летала, се наведува.
🚨🇷🇺⚡🇺🇦⚠️ : #UPDATE
Ukraine: A series of Russian missile attacks were carried out on the facilities of the Yuzhmash Southern Machine-Building Plant in Dnipro this morning. #UkraineWar pic.twitter.com/kAM5HqTGse— OSINT Expert (@OsintExperts) July 3, 2024
Градоначалникот на Днепар Борис Филатов за четврток прогласи ден на жалост. Тој рече дека се оштетени две училишта и три градинки.
Фрагменти од проектил паднале врз детската болница, а оштетени се уште две болнички згради. Оштетени се и деловни згради, соопштија локалните власти.