Македонија

Приведен крадец од тетовско, фатен при обид за кражба

На 03.07.2024 во 23.50 часот полициски службеници од СВР Тетово во тетовски Порој го привеле А.К.(38) од истото село, кој бил затекнат при обид да изврши кривично дело тешка кражба.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На почеток