Свет

Атентатот на Роберт Фиц преквалификуван како терористички чин

Обидот за убиство на премиерот на Словачка Роберт Фиц е преквалификуван како терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.

„Врз основа на доказите собрани во текот на истрагата, случајот дополнително ќе биде класифициран како особено тешко кривично дело – терористички чин“, рече Жилинка на Фејсбук.

Портпаролката на обвинителот Зузана Дробова изјави дека осомничениот за обидот за убиство на Фицо е веќе информиран за промената на статусот на случајот, пренесува ТАСР. Писателот Јурај Цинтула го рани Фицо на 15 мај во градот Гандлова во западна Словачка. Напаѓачот е уапсен и обвинет за обид за убиство од политички причини.

Словачкиот министер за одбрана Роберт Калињак изјави претходно оваа недела дека Фицо наскоро ќе се појави во јавноста и постепено ќе почне да ги извршува своите должности.

На почеток