Свет

Контроверзниот новинар кој го интервјуираше Путин: Орбан е единствениот лидер кој се обидува да го запре уништувањето на Украина

Американскиот новинар Такер Карлсон денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан е единствениот европски лидер кој се обидува да го запре целосното уништување на Украина.

„Секој што се противи на тоа го поддржува злото“, напиша Карлсон на платформата X.

Тој ја сподели изјавата на Орбан дека не може да се постигне мир од удобна фотелја во Брисел.

„Дури и ако ротирачкото претседателство со ЕУ нема мандат да преговара во име на ЕУ, не можеме да седиме со скрстени раце и да чекаме војната за чудо да заврши. Ќе послужиме како важна алатка во преземањето на првите чекори кон мирот. Тоа е нашата мировна мисија“, рече Орбан.

Орбан и неговата делегација во петокот се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, а Орбан посетата ја нарече следната фаза од мировната мисија, чија прва фаза беше патување во Киев на 2 јули.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, по повод посетата на Орбан на Москва изјави дека Советот на ЕУ не му дал мандат на Орбан да ја посети Москва во име на Европската унија и дека таква посета може да се случи само во рамките на билатералните односи меѓу Русија и Унгарија.

Од 1 јули Унгарија го презеде шестмесечното претседавање со Советот на Европската унија.

На почеток