Страшни сцени по рускиот напад на Украина: 7 лица загинаа во Киев, најмалку 20 жртви низ земјата
Во денешните руски ракетни напади врз Украина загинаа 20 лица, а околу 50 се ранети, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.
Во масовниот ракетен напад утринава врз Киев, загинаа седум лица, соопштија локалните власти, а пренесе Ројтерс.
Најмалку три лица загинаа во градот Покровск во источна Украина во рускиот ракетен напад утринава, изјави регионалниот гувернер, додавајќи дека од проектилот била погодена и деловна зграда.
Утринава руските сили извршија голем ракетен напад врз градот Кривји Рих во централна Украина, во кој загинаа 10 лица, а 31 лице беа ранети, соопштија локалните власти.
Погодени се неколку згради, вклучително и административни згради и индустриски погони, се вели во соопштението.