Свет

Извлечено тело на давеник од Дрина: Продолжува потрагата по уште едно исчезнато лице

Тело на мажот беше извлечено од Дрина денеска околу десет и пол часот наутро, по опсежната потрага по двајцата мажи, која беше започната вчера попладне.

Во полициската станица Козлук вчера околу 17 часот и 35 минути било пријавено дека две лица упаднале во Дрина, кај селото Козлук и дека се водат за исчезнати лица.

Полицијата постапила по пријавата на службениците на полициската управа Зворник кои ја вршеле истрагата Припадници на нуркачкиот тим на Специјалната антитерористичка единица на Министерството за внатрешни работи на Република Српска, кои трагале по исчезнатите лица. Полициските службеници на оваа Управа, денеска околу 09:25 часот пронашле безживотно тело, додека по второто лице интензивно се трага, јавува Телеграф.рс.

Во потрагата учествуваат надлежни припадници на Службата за цивилна заштита на Република Српска, професионалната противпожарна единица и граничната полиција на БиХ. За се е известен дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Бијелина.

На почеток