Надал: Алкараз е фаворит на секој турнир, тоа не беше случај во мојата генерација
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал проговори за својот сонародник Карлос Алкараз по големиот успех и одбраната на титулата на Вимблдон.
Алкараз славеше и во четвртото грен слем финале во кое играше и стана најмладиот кој славеше истата година во Лондон и во Париз пред тоа.
Тоа го натера неговиот постар колега да изјави дека Алкараз, кој има само 21 година, е фаворит на секој турнир на кој настапува.
„Најдоброто нешто што му се случува е тоа што, без разлика на кој турнир или подлога, тој ќе биде фаворит. Тоа е нешто што не сте го виделе во мојата генерација. Јас бев фаворит на земјена подлога, но на трева тоа беше Роџер, конкретно или помеѓу Роџер и Новак, а потоа мене малку подоцна“, изјави Надал за „Л’Екип“ и додаде:
„Но, никој од нас не беше фаворит пред секој турнир. Мислам дека Карлос е денес и тоа е голема предност бидејќи тој сигурно чувствува дека ако игра на ова ниво, тешко е да го победиш“.
Во понеделникот Надал се врати на теренот за прв пат по Ролан Гарос во конкуренција на двојки во Бостад, каде партнер му беше Каспер Руд.
Двајцата ги победија вторите носители Гвидо Андреоци и Мигел Анхел Рејес-Варела со резултат 6:1, 6:4.
Очигледно е дека се подготвува за настап на Олимписките игри во двојки, каде партнер треба да му биде Карлос Алкараз.
Исто така, Рафа се очекува да настапи во сингл во Бостад, а прв ривал ќе му биде Лео Борг, синот на легендарниот Бјорн.