Македонија

Ангелов: Ќе се обидеме да воспоставиме контрола врз пожарот на планината Серта

Утрово е одржан брифинг со пилотите на хеликоптерите кои полетуваат кон пожарите низ целата држава, извести Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

,,Кон пожарот на планината Серта, испраќаме четири хеликоптери. На територијата на Општина Гевгелија, над с.Негорци, испраќаме два словенечки хеликоптери. Додека на територијата на Општина Ново Село, на планината Огражден, исппраќаме еден турски и еден српски хеликоптер кои што носат 5 тона вода.

Денес ќе се обидеме да воспоставиме контрола врз пожарот на планината Серта.

На сите места, на земја имаме противпожарни единици, на кои ќе им се придружат 100 војници од армијата и 30 припадници на полицијата.”, вели Ангелов.

Денес околу осум и триесет часот на аеродромот Петровец се очекува да слета авион од Романија, кој носи водни бомби од повеќе од пет тона.

На почеток