Адел најави пауза од музиката: Немам никакви планови, но сакам да се занимавам со други работи
Поп ѕвездата изненади милиони фанови ширум светот.
Пејачката Адел објави дека привремено ќе се повлече од музиката откако во ноември оваа година ќе го заврши своето музичко шоу „Викенди со Адел“.
„Воопшто немам планови за нова музика“, изјави Адел во интервју за германски ZDF.
Пејачката додаде дека е долга пауза, и дека за тоа време ќе се посвети на некои други работи.
„Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, јас воопшто не пеам дома. Зарем тоа не е чудно?“, рече пејачката.
Инаку, споменатото шоу Адел го започна во 2022 година, а последниот настап во рамките на него ќе го одржи кон крајот на ноември.
Исто така, оваа одлука не е чудна, со оглед на тоа што пејачката повеќе пати потенцираше дека славата и популарноста не и угодуваат, како и дека и недостига анонимниот живот пред кариерата.
„Не ми се допаѓа да бидам позната. Сакам да правам музика и сакам луѓето да ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостига животот пред славата“, рече таа.