Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и за Рејтинг на Спасов:На власт со милион евра тендери, и фотоцентрала, а во опозиција ќе ги дозакопа

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение и критики за работата на агенцијата за маркетинг Рејтинг на Никола Спасов, син на поранешниот министер и амбасадор Ѓорѓи Спасов.

Спасов кој преку Рејтинг од СДС извади милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција, констатира ВМРО-ДПМНЕ.

„Очајниот ПР на СДС кој го пробива секое дно, кој се претвори во плукање до дехидрирање го води Спасов и неговата агенција Рејтинг, кои изминативе години од власта на СДС земаа 1 милион евра во тендери. Спасов си ги доодработува и дозволите за изградба на фотоволтаици, бизнис кој СДС го делеше меѓу своите најблиски, како Ковачевски, Заеви и други видни функционери. Не е чудо зошто СДС не само што продолжува по истиот лош пат, туку и нема срам за се што направи, велат од ВМРО-ДПМНЕ, констатирајќи дека со ваков ПР СДСМ ќе загуби уште пратеници.

На почеток