Македонија

СДСМ: Скапи карти и бизнис класи, Мицкоски и министрите душмански ги трошат народните пари

,,Скандалот со луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри, со бизнис класи и карти од речиси 20.000 евра покажа колку душмански ВМРО-ДПМНЕ ги троши народните пари.

Расипништвото на Мицкоски и министрите на ВМРО-ДПМНЕ се случува на големо и се крие од граѓаните, што е најрасипана форма на лицемерие.

Кога треба да се покачи минимална плата за работниците Мицкоски и министрите на ДПМНЕ во Владата велат нема пари.

Е ама кога треба Мицкоски и министрите да патуваат, тогаш гледаме луксузирања, скапи карти од речиси 20.000 евра, бизнис класи, бројни делегации па дури и прибирање на членови од семејствата.

За ова ли се прават нови задолжувања? Да има за Мицкоски пари да се луксузира? За нови часовници од 60 илјади евра во колекцијата?

Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е бетер од минатото, далеку полошо и пизмамничко.

Секој поминат ден ги разобличува лагите и лажние ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ветуваа домаќинско работење а се луксузираат, ветуваа транспарентност а кријат од јавноста.

Владата е должна да ги објави сите трошоци за скандалозните патувања на Мицкоски и неговите министри затоа што се платени од граѓаните.”, велат од СДСМ.

На почеток