Нов страотен случај во Скопје: Малолетник злоупотребен да праќа експлицитни видеа, од него и семејството на соученици
Од
Објавено на
На 22.07.2024 во 16.10 часот во Полициската станица Бит Пазар, 37 – годишен жител на Скопје пријавил дека во текот на јуни 2024 година, неговиот син од страна на малолетници од основно училиште во кое учел, бил ставен во група на социјална мрежа со негово име, слики и видеа со експлицитна содржина.
Според пријавеното, малолетниците со закани го присилувале неговиот син да ги прави фотографиите и видеата, кои потоа ги објавувале во групата.
Како што е пријавено, истите лица злоупотребиле и фотографија од пријавителот и неговата сопруга и без согласност ја објавиле на социјалната мрежа.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.