Четириесет и двегодишен скопјанец во полициската станица Карпош пријавил дека на 10. месецов на улицата „Женевска“, неговиот 13-годишен син физички бил нападнат од 50-годишна жена, мајка на негов соученик.
Според пријавеното, настанот го забележал 18-годишниот брат на момчето, кој ја оттргнал жената од него, по што и двајцата заминале.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.