Македонија

(Видео) Катица Јанева: Јас се извинувам многу, треба да ми дадат шанса, на секого му даваат шанса за вторпат

Ексобвинителката Катица Јанева побара втора шанса од Управата за извршување санкции кои и го одземаа правото да работи, бидејќи како што рече, нејзиното ненаоѓање во канцеларијата е недоразбирање. Таа во ексклузивен разговор во поткастот „Претрес со Ландов“, кажа дека станува збор за недоразбирање кое треба да го надминат двете страни.

„Јас се извинувам многу. Мислам дека ќе надминеме ова на нормален начин. Во интерес на Република Македнија, нема да кажам Северна, ќе кажам Македонија, во интерес на Република Македонија, пример за ресоцијализација како што сум јас, како што можеби ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса. На секој му даваат шанса за вторпат, за да ја оправда довербата. Не само што мене ме осудуваат, туку и цела институција дека не работи во ред. Што не е точно, не е така!“, рече Јанева.

Таа во првото нејзино јавно појавување раскажа и многу детали за затворот, зборуваше и за СЈО, разочарувањата, но и очекувањата..

На почеток