Македонија

Филипче ќе го предводи СДСМ на Илинден

Ве известуваме дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, утре, 2 Август 2024 година ќе ја предводи партиската делегација на одбележувањето на Денот на Републиката во Скопје.

По повод големиот празник, 2-ри август, Илинден, претседателот Филипче, придружуван од пратеничката Даниела Николова и претседателот на општинската организација на СДСМ и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија, пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена Борец, пред споменикот на Никола Карев пред македонското Собрание.

Во 09.45 часот претседателот Венко Филипче ќе даде изјава за медиуми пред зградата на Собранието на Република Северна Македонија.

Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.

На почеток