Големата кашлица се враќа, регистрирани 25 нови случаи
Од
Објавено на
Повторно демне опасноста од голема кашлица. Институтот за јавно здравје соопшти дека во периодот од 26 јули до 1 август 2024 година биле пријавени 25 нови случаи на голема кашлица.
Најголем број се пријавени во Скопје-13, 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово.
Тројца од заболените се хоспитализирани.
Возраста на заболените се движи од 2 месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 0 до 4 години.
Од ИЈЗ додаваат дека 17 од заболените се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус.