Македонија

Гаши да не се вознемирува, останува претседател на Собрание и нема вина за насоките кон обезбедувачот да ја спасува Османи

Африм Гаши да си остане претседател на Собранието, смета пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, не е лоцирана одговорност кај него иако тој дал насоки на обезбедувањето при инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи. Истовремено, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека кривично-правна последица од давањето на насоките не е лоцирана кај Гаши, па МВР нема да поднесе ниту поднесок до Обвинителството. Со ова, Гаши е слободен човек, иако дал насоки на обезбедувачот да ја „спасува“ Османи.

„Согласно внатрешните правила и процедури на МВР, немал право да го напушти вип објектот кој што го обезбедувал и не е негова одлуката, ниту пак надлежност да смирува, или да разгорува, или да прави што било што не е поврзано со описот на неговите работни задачи“, кажа Тошковски за 5ТВ.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи, како што наведува партијата во соопштение, одговорноста е лоцирана и е поднесена кривична пријава.

„Институциите како никогаш до сега преземаа итни и неодлoжни мерки. Сега има кривични пријави, а во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих. Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого. Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не нè изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Левица, веќе поднесе интерпелација за Гаши и од таму рекоа дека причината е „воведување непринципиелни политики во Собранието“.

„Причината е и поради повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

На почеток