Македонија

Бебе донесено починато во струшката болница

Бебе било донесено во струшката болница без знаци на живот. Сѐ се случувало вчера вечерта, околу 22 часот. Во полицијата било пријавено од страна на болничарите.

„На Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт“, изјави Димоски.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на бебето ќе биде извршена обдукција, која треба да покаже како настанала смртта.

На почеток