Македонија

Шест повредени, меѓу нив и малолетници: тешка несреќа во тетовско

ФОТО Илустрација

На 09.08.2024 година во 13.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – село Брвеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило марка „Фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.К.(56) од село Горна Речица, тетовско, со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(36) од село Желино, тетовско, како и паркирано патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, сопственост на М.Ќ.(38) од село Боговиње, тетовско.

Во несреќата од движечкото возило „мерцедес“ со тешки телесни повреди се здобиле две сопатнички – З.Р.(52) и една малолетничка, додека со телесни повреди од истото возило се здобиле возачот Б.З. како и уште две негови сопатнички – Р.З.(34) и Р.З.(26) сите од село Желино. Повредите се констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На почеток