Македонија

Вкупно 1001 случај со голема кашлица, хоспитализирани уште четири лица

Повторно се шири опасноста од голема кашлица. Во периодот од 2 до 8 август, пријавени се 20 нови случаи на голема кашлица.
Од нив, четири лица се хоспитализирани, стои во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

– Заклучно со 8 август, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 1001 случај на голема кашлица, со инциденца од 54,5/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи, пишува во извештајот.

Од вкупниот број на заболени лица – 1001, кај 994 биле регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина била во асимптоматска форма.

,,Од вкупниот број на регистрирани случаи, 627 не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација. Од случаите кои се комплетно вакцинирани – 278, просек на поминато време од последната доза на вакцина до заболување изнесува 13 години”, пишува во извештајот.

На територијата на Скопје, Куманово и на Тетово се пријавени епидемии.

На почеток