Мештаните исплашени, ЦУК смирува: над манастирот Свети Ѓорги“ во Паралово се бие битка со оган
Пожарот кој веќе неколку дена опустошува ридски и рамничарски терени во општина Новаци, вчера се ширеше кон селото Паралово и манастирот „Свети Ѓорги“ под кого е и гробот на војводата Ѓорги Сугарев и шестмина негови Комити.
Отецот и членството од црковниот одбор преку социјалните мрежи упатија апел да се испрати градежна механизација за да се запре развојот на огнената стихија кон манастирот. Пожарникари доброволци кои се вклучени во гаснењето на пожарите во Новаци, велат дека огнот е стигнат на сртот над манастирот и дека има ветер со променлив правец. На терен се дваесетина доброволци и пожарникари, противпожарната единица од РЕК, а се упатува и градежна механизација.
Од ЦУК изјавија дека линијата на огнот во Новаци се простега на десетина километри, дека гори во нeпрoоден терен и нискостеблеста вегетација. Градоначалникот на Новаци Стевче Стевановски рече дека големиот пожар настанал од гром при локално невреме пред некој ден.